Богданскиот ветер ќе засвети до крајот на годинава!

Bez autora
Sep 10 2013

До крајот на годинава или почетокот на 2014-та, во Македонија ќе потечат првите киловати струја произведени од ветер, бидејќи во Богданци со забрзано темпо се реализира проектот со кој се очекува да никне првиот македонски ветропарк. Предвидено е да има 16 ветерници што ќе произведуваат чиста енергија од обновлив извор, односно ветерот ќе се користи како погонска сила. Во моментов интензивно се работи на подготовка на темелите за поставување на ветерниците. Струјата ќе биде доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства, односно 60.000 граѓани, а минималното годишно производство од 100 гигават-часови од ветерна енергија е приближно 2% од моменталното годишно производство.

Богданскиот ветер ќе засвети до крајот на годинава!До крајот на годинава или почетокот на 2014-та, во Македонија ќе потечат првите киловати струја произведени од ветер, бидејќи во Богданци со забрзано темпо се реализира проектот со кој се очекува да никне првиот македонски ветропарк.

Предвидено е да има 16 ветерници што ќе произведуваат чиста енергија од обновлив извор, односно ветерот ќе се користи како погонска сила.

Во моментов интензивно се работи на подготовка на темелите за поставување на ветерниците. Струјата ќе биде доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства, односно 60.000 граѓани, а минималното годишно производство од 100 гигават-часови од ветерна енергија е приближно 2% од моменталното годишно производство.

Како што велат од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), се работи со полна пареа и доколку се оди според предвидениот план и динамиката на реализација на проектот до крајот на овој месец или почетокот на наредниот ќе се почне со монтажа на ветерните турбини. При крај е и со изградбата на командната зграда, патот и трафостаницата на која ветерниот парк ќе биде приклучен. Ветерните турбини веќе се пристигнати, се наоѓаат во Солунското пристаниште, при што се чека да бидат транспортирани до Богданци.

Данско-грчкиот конзорциумот од Siemens Wind од Данска и Siemens AS од Грција треба да му ги испорачаат на ЕЛЕМ турбините на ветер за Паркот на ветерни електрани на локацијата Ранавец, кај Богданци. Конзорциумот има обврска, покрај испораката да ја транспортира и монтира опремата, како и да ја пушти во употреба. Дел од нејзините обврски се и грижата и одржувањето на паркот.

Се работи за квалитетни турбини произведени од германски бренд и се најдобри во својата класа, а нивната инсталирана моќност поединечно е 2,3 мегавати. Висината на столбот изнесува 84 метри, дијаметарот на елисата изнесува 93 метри, а вкупната инсталирана моќност ќе достигне 36,8 мегавати.

Финансиската конструкција за ветропаркот е 55,5 милиони евра, при што најголемиот дел се обезбедени со кредит од германската КфВ банка од 48 милиони евра и 7,6 милиони евра се обезбедени од сопствени средства, од Државните електрани.

За премиерот Никола Груевски, со реализацијата на овој проект се почнува ново поглавје во енергетската стратегија и портфолио на Република Македонија. Тој на поставувањето на камен-темелникот на ветропаркот посочи дека со изградбата на вакви паркови на ветерници, македонското стопанство ќе добие сигурен, обновлив, незагадувачки и долгорочен извор на енергија.

Според него, ваквата тенденција е неминовно потребна ако се имаат предвид високите цени на нафтата како енергенс, ограниченоста на природните енергетски суровини и делумно искористениот хидропотенцијал во земјава.

Локацијата нуди можност во иднина да се постават дополнителни ветерни турбини кои би го заокружиле проектот со инсталирана моќност до 50 мегавати.

Германија произведува 3.247 мегавати струја од ветер

Во земјите од ЕУ се повеќе се форсира производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како што се ветер, сонце и вода. Силата на инсталираните ветерници во земјите од ЕУ достигнува 6.247 мегавати, што може да ги задоволи потребите на 40 милиони Европејци. Ова производство претставува само 2% од инсталираниот енергетски капацитет на овие земји.

Годишно во овој сектор се прави обрт од 6,8 милијарди евра, а во него се вработени 95.000 стручни лица. Енергијата на ветерот најмногу се користи во Германија, Данска, Шпанија и Холандија. Во Германија инсталирани се 3.247 мегавати, што е за четири пати поголемо од вкупната инсталирана сила на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Според податоците од Здружението на германската индустрија за производство на опрема за енергетско искористување на ветер (ВДМА Пауер Систем ), Германија заедно со Шпанија остваруваат над половината од европските инсталирани капацитети и произведуваат струја од ветер во износ од 86.076 мегавати. По нив следува тројката: Италија, Франција и Велика Британија. На списокот без капацитети на ветер" се наведени Исланд, Лихтенштајн, Малта и засега Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik